Средба на Мицкоски со Пол Мекарти, Роберт Бенџамин и Сергеј Баздникин
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (01.11.2019) оствари повеќе билатерални средби. Тој оствари средби со директорот на ИРИ за Европа, Пол Мекарти, регионалниот директор на НДИ, Роберт Бенџамин како и со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.
Теми на средбите беа актуелните политички случувања во државата, претстојните предвремени парламентарни избори и македонската евроатлантска перспектива.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека интеграцијата на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија е клучна стратешка определба на партијата, но и на државата. Тој посочи дека по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на суштински реформи на полето на правосудство, образованието, здравството и закрепнување на економијата, со цел доближување на нашата држава до европските стандарди кон кои се стреми.
Мицкоски истакна дека реформите во правосудството се од исклучителна важност и мора да се стави крај на криминалот и корупцијата кои се рак рана на македонското општество, а се синоним за владеењето на актуелната власт предводена од СДСМ.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори