Средба на Мицкоски со еврокомесарот за проширување Вархеји

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски, меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и советникот за меѓународна политика Стефан Андоновски денеска (15.01.2020) остварија средба со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Оливер Вархеји.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, стратешките цели на Македонија, нашата европперспектива, претстојните парламентарни избори и проблемите со кои се соочува нашата државата на патот кон Унијата.
Мицкоски истакна дека приоритет на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде остварувањето на стратешката цел и сонот на многу генерации, а тоа е членството во Европската Унија. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има визија и план како државата да ја стави на брзата трака за членство во Унијата и притоа да ги спроведе клучните реформи за остварување на оваа цел.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека Владата предводена од СДСМ доживеа неуспех на полето на реформите и доближување на државата до европскиот стандард. Тој напомена дека клучен проблем со кој се соочува Република Македонија е криминалот и корупцијата кои се најистакната во највисоките ешалони од власта и дека до ден денес голем број на корупциски афери немаат правна разрешница, што пак се аргумент за оние кои се противат на проширувањето на Унијата.
Мицкоски на Вархеји му се заблагодари за поддршката која ја дава за членството на Република Македонија во Европската Унија и нејзиното проширување, притоа додавајќи дека патот кон просперитетен и успшен на регион води преку Брисел и членството во Европската Унија.
Што се однесува на предвремените парламентарни избори, соговорниците се согласија дека демократскиот и фер изборен циклус на кој граѓаните слободно ќе ја изразат својата волја е клучен за иднината на нашата држава и како и за нашата европерспектива.
Ново на Сител
-

Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
-

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје
-

Kривична пријава за двајца вработени во Брзата помош во Тетово – не испратиле екипа за повредено лице
-

Сведоци на одбраната: Полицијата била пред дискотеката и помагала по пожарот во „Пулс“
-

Скопје ќе се украси до 15 декември – елка од 13 метри и новогодишни декорации за околу 73.000 евра
-

Македонските „Тигри“ меѓу десетте најдобри на меѓународен снајперски натпревар во Турција | ФОТО
-

ЕУ отвори истрага против Booking.com поради лажни огласи и измами – се заканува казна до 6% од глобалниот промет
-

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
