Средба на лидерите од СДСМ

Претседателот на СДСМ во оставка Димитар Ковачевски организирал состанок со неговите претходници, Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Владо Бучковски за да разговараат за внатрепартиските избори за ново раководство.
Информацијата за Сител ја потврди еден од присутните на средбата посочувајќи дека состанокот се одржал пред 10 дена.
Според информациите кои ги одбивме на средбата се разговарало како да се спречат грешките од претходните избори, но и што би требало да биде главна цел на новото раководство. Првична цел според поранешните лидери на новото раководство треба да бидат локалните избори следната година со фокус на општините во кои може да се оствари позитивен резултат, а втора и поважна цел следните парламентарни избори.
Изборите за ново раководство во СДСМ се закажни за 30 јуни, а засега интерес покажаа повеќе членови меѓу кои и Венко Филипче, Јован Деспотовски, Славјанка Петровска, Виктор Божиновски а се уште размислуваат и Стефан Богоев, Шилегов и Битиќи.
Ново на Сител
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
