Средба на Груевски со заменик-генералниот секретар на ЕПП Кристијан Кремер
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска се сретна со заменик генералниот секретар на Европската Народна Партија (ЕПП), Кристијан Кремер, кој доаѓа од редовите на ЦДУ од Германија.
На средбата, како што се наведува во соопштението, е разговарано за имплементацијата на Договорот од Пржино и во насока на надминување на политичката криза, како и евро-атланските интеграции на Република Македонија.
Во соопштението се додава дека Груевски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ ги исполни своите обврски од Договорот од Пржино и дека партијата ќе продолжи со целосна посветеност да се спроведат сите обврски кои што произлегуваат од овој договор, вклучувајќи го и одржувањето на веќе договорениот датум за изборите на 24 април 2016 година.
Груевски, исто така, додаде дека Законот за избори, каде што експлицитно се наведува 24 април 2016 како датум на одржување на изборите, е закон кој што беше изгласан едногласно во Собранието на Република Македонија, вклучувајќи ги и пратениците на СДСМ.
Во соопштението се наведува дека за време на средбата заменик генералниот секретар на ЕПП, Кремер, нагласил дека сите политички партии да се придржуваат до Договорот од Пржино, како и да направат се што е во нивна моќ за претстојните парламентарни избори да се одржат во најдобар ред, согласно сите меѓународни препораки и стандарди.
Воедно, како што стои во соопштението, на средбата стана збор за мигрантската криза и за предизвиците со кои се соочува Република Македонија. Кристијан Кремер во текот на вчерашниот ден оствари посета на јужната граница и на мигрансткиот камп во Гевгелија и искажа пофални зборови за напорите на Македонија за справување со неа.
- Неопходно и важно е земјата да го затвори ова поглавје на оваа политичка криза, а тоа може да го направи само силна Влада која ќе се соочи со различните предизвици, како мигрантската криза и ќе работи на евро-атлантските интеграции, стои во соопштението
Посетата е во организација на фондацијата Конрад Аденауер Стифтинг од Германија, која што е блиска до германската партија ЦДУ.
Ново на Сител
-
Без струја делови од Центар, Газа Баба, Сарај и Сопиште
-
Сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Франција планира европска „иницијатива“ за прекин на конфликтот меѓу Иран и Израел
-
Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран
-
Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица
-
Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец