Средба на градоначалникот Трајановски со бездомни лица
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска одржа состанок со бездомни лица заинтересирани и мотивирани да бидат работно ангажирани.
- На состанокот со лицата се разговараше за нивното претходно работно искуство и за можностите за нивно вработување и активно придонесување во општеството, соопштија денеска од Град Скопје.
Оттаму информираат дека до сега, во 2016 година со поддршка на Град Скопје, работно се ангажирани осум лица во јавните претпријатија, а таа практика Градот планира и во иднина да ја продолжи и да им помага на оваа категорија граѓани.
- Со континуирана грижа и вработување на нови лица значително се подобрува квалитетот на животот на овие граѓани во ризик, жители на Град Скопје, се додава во соопштението.
На состанокот активно учествуваше и претставник на Црвен крст на Град Скопје, координатор на активностите на Пунктот за бездомни лица во Момин Поток, кој, исто така, секоја година е поддржан со 500.000 денари од буџетот на Град Скопје.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот