Средба на Ѓорчев со претседателот на „Конрад Аденауер” и пратеници на ЦДУ од германскиот Бундестаг

Пратеникот и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев се сретна со Норберт Ламерт, претседател на фондацијата Конрад Аденауер (КАС) блиска до владејачката ЦДУ.
Ѓорчев истакна: „Се заблагодарив за одличната соработка на ЦДУ и КАС со ВМРО-ДПМНЕ изминативе 20 години. Работиме на заеднички проекти и во наредниот период ќе ја интензивираме соработката”.
Ѓорчев додаде: „ЕУ е нашата заедничка агенда и заедно сме дел од семејство на сестринските ЕПП партии. Македонија и Германија имаат одлични билатерални односи. Ќе продолжиме да ги развиваме и продлабочуваме”.
Ламерт беше претседател на германскиот Бундестаг 12 години, парламентарец од 1980 до 2017 година, вкупно 37 години, како и министер во повеќе влади на канцеларот Хелмут Кол.
Воедно, Ѓорчев упати благодарност до фондацијата Конрад Аденауер за поканата и можноста да учествува на Форумот за слобода на вероисповеста и верувањето во Сингапур. Ова е важна тема, која е меѓу приоритетите за КАС и ЦДУ.
Ѓорчев се сретна со пратениците од ЦДУ Фолкер Каудер, Хериберт Хирте и Маркус Грубел од германскиот Бундестаг.
Ѓорчев ја нагласи извонредната соработка на ВМРО-ДПМНЕ со ЦДУ и Фондацијата Конрад Аденауер (КАС).
Ги информираше соговорниците за актуелните состојби во Македонија и за зголемената поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на изборите на 12-ти април.
Воедно, Ѓорчев ги покани германските пратеници да ја посетат Македонија.
Ѓорчев нагласи: „Високо ја цениме одличната работа на канцеларијата на КАС во Скопје и нивната работа во Македонија предводена од Јоханес Реј и неговиот тим. Ќе продолжиме со заедничките проекти”.
Инаку, Фолкер Каудер беше шеф на пратеничката група на CDU/CSU-Bundestagsfraktion 2005 – 2018, како и поранешен генерален секретар на ЦДУ, а пратеник е во германскиот Бундестаг од 1990 година до денес, веќе 29 години.
На крајот, Ѓорчев подвлече дека Македонија и Германија имаат одлични билатерални односи, исто како ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ.
Ново на Сител
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
