Средба на Ердоган со јужнокорејскиот претседател

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пристигна денеска во дводневна посета на Јужна Кореја по покана на претседателот Мун Џае-ин.
Главен фокус на посетата на Ердоган е економската соработка меѓу двете земји, јави Анадолија.
На средбата, Ердоган се заложил за зајакнување на врските со Јужна Кореја во повеќе области, од трговија до воена соработка.
Во 2012 година Турција и Јужна Кореја потпишаа договор за стратешко партнерство, а годината потоа склучија договор за слободна трговија.
„Двајцата лидери истакнаа дека јужнокорејскиот-турски договор за слободна трговија (ФТА) претставува значајна основа за економска соработка од взаемен интерес преку овозможување избалансиран раст на трговијата меѓу двете земји и се согласија за брзо имплементирање на договорот во секторот на услужната дејност и инвестицискиот сектор“, се наведува во заедничката изјава на претседателите по средбата.
Обемот на билатералната трговија се зголеми за 17 отсто помеѓу 2012 и 2017 година, достигнувајќи 6,12 милијарди американски долари, покажуваат официјалните податоци на Сеул.
Посетата на Ердоган доаѓа само неколку дена по историската средба меѓу претседателите на Јужна и Северна Кореја. По тој повод, Ердоган му честиташе на Мун за договорот постигнат со Пјонгјанг и оцени дека мировна спогодба ќе донесе мир и развој на полуостровот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
