Македонија
30. September 2019 - 17:00

Средба на бугарскиот државен врв - нема безусловна поддршка за македонските евроинтеграции

Бугарија ке бара конкретни и јасни  резултати во решавањето на спорните историски и образовни прашања со Македонија. Од тоа во кој рок тие ке се исполнуваат ке зависи и динамиката на македонската интеграција во ЕУ. Ова е заклучокот од денешната средба на државниот врв во Софија. Претседателот Радев најави исцртување на  црвени линии кои, според него, би биле гаранција дека европската интеграција на Македонија нема да биде на  сметка на бугарската историја, јазик и идентитет.

-Бугарската Влада ќе формулира јасни крајни цели кои треба да бидат постигнати пред завршувањето на преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ. Исто така, ќе има и прашања за кои ќе мора да се најде решение во секоја конкретна етапа од преговорите. Со таа рамка ќе биде запознаен и бугарскиот параламент. Особено внимание треба да се обрне на наставните планови и програми, на текстовите во учебниците, натписите во музеите и на спомениците, како и на државните медиуми“

Премиерот Борисов односите со Македонија ги оцени како блиски и братски,   но истакна дека поддршката за интеграција никогаш не била безусловна и дека постојат начини како тој процес да се блокира.

-Да ја запреме Северна Македонија на патот кон ЕУ, тоа ќе биде запишано во историјата дека сите 27 земји ги поддржале, а само Бугарија ги запрела. Ние сакаме и Албанија да оди заедно со Северна Македонија. Но, никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме влезот во ЕУ. Имаме на располагање 71 инструмент во преговрите по поглавјата. Да не си играат со историјата и минатотото и да се концентираат на иднината, рече Борисов.

Ваквите остри тонови кои денеска пристигнаа од Софија на само  дваесетина пред донесувањето на одлуката за почеток на преговорите во Европскиот Совет, не го загрижуваат премиерт  Заев. Тој  очекува целосна поддршка од Бугарија за датумот, но  и за работата на комисијата во која двете сттрани треба да дадат придонес.

Комисијата е стручна и е направена за да ги дефинира работите. Нашите укажувања се да преземат храбри чекори, чекори засновани на фактите и на вистината, фактите и вистината се јасни и апелираме да се изнајде решение и верувам дека не е доволно само нашата страна да има волја за тоа треба и страната од Бугарија, рече Заев.

Следната средба на комисјата за историскии образовни прашања  треба да се оддржи на 15 октомври, а бугарскиот премиер денеска апелираше таа да се одржи и порано.