Средба Мизрахи-Ралповски: Социјалниот дијалог важен сегмент за унапредување на работничките права

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари работна средба со претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) Благоја Ралповски, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството потенцираат дека оваа прва работна средба од ваков тип е значајна од повеќе аспекти, а особено од аспект на унапредување на социјалниот дијалог со цел подобрување на работничките права.
Конфедерацијата на слободни синдикати во која се здружени 11 грански синдикати, сметаат од МТСП, е значаен претставник на работниците членови на овој синдикат и токму затоа, велат од Министерството, е важно да се слушнат нивните размисли како да се подобри социјалниот дијалог и структурата на комуникација со институцијата под чија капа се кројат најголемиот број закони кои ги засегаат работниците.
-Министерката Мизрахи и претседателот на КСС Ралповски ја искористија можноста на оваа работна средба автентично да се информираат за барањата на синдикатот, да поразговараат за економската и социјалната сигурност на работниците, за заштитата и унапредувањето на работничките права во функција на пристоен животен стандард, но и навремени и достоинствени плати за работниците. Стана збор и за гарантирањето на минималната плата, која не е доволно само да се зголеми туку и да се исплатува во целост. Исто така, се потенцираше дека е значајна здравата работна средина, но и побезбедни работни места, развојот на демократијата, социјалната правда и солидарноста, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.
Токму затоа, потенцираат од МТСП, значајно е поттикнување и развивање конструктивни односи помеѓу социјалните партнери, синдикатите, Владата и работодавачите, како и развивање на социјалниот дијалог и социјалното партнерство, но и поттикнување и унапредување на колективното договарање на сите нивоа.
Ново на Сител
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
-

Осум дена притвор за Словенец кој ја нападнал 21-годишната девојка во Охрид
