Средба Мицкоски - Орбан: Добрите билатерални односи помеѓу двете земји ќе продолжат во насока на зајакнување на полето на економијата и енергетиката
Премиерот Христијан Мицкоски на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Лондон се сретнал со унгарскиот премиер Виктор Орбан, при што разговарале за евроинтеграциите на земјава, идните чекори на Унгарија како претседавач со ЕУ и унапредување на еконосмакта соработка, а особено во делот на енергетиката.
- На маргините на Самитот во Лондон, се сретнав со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Разговаравме за евроинтеграцискиот пат на Македонија и идните чекори на Унгарија како претседавач со Европската унија. Добрите билатерални односи помеѓу двете земји ќе продолжат во насока на зајакнување на полето на економијата и енергетиката. Исто така се заблагодарив за досегашната поддршка и соработка од страна на Унгарија. Продолжуваме посветено да работиме за интересите на граѓаните, објави премиерот Мицкоски на неговиот фејсбук профил.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа