Средба Гаши - Лудва: За Чешка од посебно значење е интегрирањето на земјите од Западен Балкан

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши денеска се сретна со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва, со кого размениле мислења околу процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија и можностите за продлабочување на традиционално добрата соработка на билатерален план.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши изразил задоволство од постојаната поддршка и пријателство меѓу двете земји, истакнувајќи дека Чешката Република е меѓу државите кои ја стимулираат ЕУ да ја држи постојано отворена вратата за проширувањето и за интегрирање на земјите од Западен Балкан.

Соговорниците разговарале за можностите за надминување на предизвиците со кои се соочува нашата земја на стартот на преговорите за полноправно членство во Унијата, при што амбасадорот Лудва истакнал дека за Чешка е од посебно значење интегрирањето на земјите од овој регион.
Гаши и Лудва се согласиле дека односите меѓу Северна Македонија и Чешка се многу добри, за што се показател и многу средби на билатерално ниво во изминатиот период, што треба да биде пракса и во иднина.
Во тој контекст, претседателот Гаши истакнал дека Чешла е мошне активна во делот на економската соработка со нашата земја. Тој го информирал амбасадорот дека во Собранието е во тек формирање на делегациите и на парламентарните групи за соработка, посочувајќи дека преку ПГ за соработка со чешкиот Парламент може да се отвори посеопфтна дебата за продлабочување на билатералната соработка на повеќе полиња, како и за зајакнување на капацитетите за земјава за привлекување повеќе странски инвестиции.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
