-->
-->
Средба Ердоган-Путин во Берлин
-->

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамките на Самитот за Либија што се одржува во Берлин, се сретна со неговиот руски колега Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија.
Ердоган се обрати во делот на состанокот кој беше отворен за медиумите, при што рече дека мултидимензионалната соработка меѓу двете земји дава значаен придонес, што се однесува до решавањето на проблемите во регионот.
Тој нагласи дека 2019 година била добра од аспект на билатералните односи, додавајќи дека со одлучност ги реализирале проектите како „С-400“, имајќи ги предвид националните интереси.
Турскиот претседател говореше и за проектите како „Турски тек“ и нуклеарната централа „Акују“.
– Нашите заеднички напори на терен обезбедија пропорционално спокојство, но главните резултати од нашите напори ќе ги добиеме со состаноците на Самитот во Берлин. Свесни сме за одговорноста која ја презедовме во врска со примирјето, и за напорите кои ги вложувате. Вложивме голем напор за да го убедиме господинот Сераџ, и упатувам благодарност што прифати и го исполни тоа што следуваше на Самитот во Москва, рече Ердоган, додавајќи дека Владата на национално единство го потпишала Договорот за примирје.
– Хафтар кој не го потпиша текстот, уште еднаш покажа дека не е за политичко, туку за воено решение. На Самитот во Берлин треба да се обезбеди примирје и враќање на политичкиот процес, со цел да се обезбеди мир и спокојство во Либија. Исто така, треба да се стави крај на агресивниот став на Хафтар за да може да се спроведе политичкиот процес и другите фази на решението, истакна тој.
Како што јави Анадолија, на средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана на Турција Хулуси Акар, шефот на Одделот за комуникации при турското претседателство Фахретин Алтун, шефот на турската национална разузнавачка служба МИТ Хакан Фидан, специјалниот претставник на Турција за Либија Емрулах Ишлер, кој воедно е и пратеник на АК Партијата од Анкара, како и портпаролот на турското претседателство Ибрахим Калин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
-

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска
-

Уапсени две лица откако едниот од нив репетирал пиштол и се заканувал кон група луѓе во Скопска чаршија
-

Приведени 6 лица поврзани со групна тепачка во угостителски објект во Велес
-

28-годишник од дебарско почина откако се повредил при сеча на дрва
-

Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
