Средба Димитров-Ерјавец: Повторена поддршката на Словенија за влез на Македoнија во ЕУ и НАТО
Одличните билатерални односи, можностите за зајакнување на соработката во повеќе области од заемен интерес, но и безрезервната поддршка на Словенија за интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО биле теми на денешната средба во Скопје на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и словенечкиот министер за одбрана Карл Ерјавец.
Димитров, како што соопшти МНР, го запознал Ерјавец со процесот на спроведување на Преспанскиот договор и претстојните чекори на овој план.
Нагласил дека Република Македонија од секогаш ја уживала безрезервната поддршка од Република Словенија во исполнувањето на своите надворешно политички приоритети, особено на планот на интеграцијата во НАТО, посочувајќи ја важноста на словенечката амбасада во Скопје, која од оваа година е контакт амбасада за НАТО.
Ерјавец упатил честитки до Димитров и Владата за направениот исчекор на земјата од нивното стапување на функција и нагласи дека Словенија го поддржува НАТО интегративниот процес на земјава и дека ќе стори се за тој процес да биде успешен. Тој ја потврдил традиционално добрата соработка меѓу двете земји во областа на одбраната, како и подготвеноста на Словенија за натамошно пренесување на словенечките искуства од пристапувањето кон ЕУ.
Ново на Сител
-
Усвоени измени на Законот за царинска тарифа, се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД
-
Биди кокиче на новиот живот | Дора Попова | Sitel Podcast 099
-
70-ти роденден на Кисела Вода и Културно лето: “Се на свое место”
-
Две девојки повредени при сообраќајна незгода
-
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Жеден еж спасен по пожар во Грција
-
Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030
-
Мицкоски: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули