Средба Димитров – Дендиас на маргините на Минхенска безбедносна конференција
Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Дендиас, ќе остварат средба на маргините на 56–та Минхенска безбедносна конференција, која што се одржува од денеска до 16 февруари, јави дописничката на МИА од Атина.
Средбата на шефовите на дипломатиите ја најавија од грчкото МНР, во рамките на разговорите што Дендиас ќе ги има со неговите колеги.
Како што соопштуваат од нашето МНР, Димитров ќе се сретне и со други министри, како и со високи претставници и учесници на Минхенската безбедносна конференција, на која се очекува да се дискутираат прашања поврзани со хибридните безбедносни предизвици, одбранбената соработка, енергетската безбедност, мултилатерализмот, меѓународната трговија, транснационалната безбедност, како и предизвиците со климатските промени и иднината на Европската Унија и НАТО.
Паралелно, предвидено е министерот Димитров да учествува на повеќе сесии во рамките на конференцијата и тоа: обраќање на панел дискусијата „Нови сојузи за зголемена издржливост во европското соседство“, на тркалезната маса „Координирање, соработка, консолидирање? Придвижување на Западен Балкан напред“, како и на дебатата во организација на Охридската група на тема „Незавршена работа? Европската Унија и Западен Балкан“.
На тркалезна маса за безбедноста на Балканот, ќе учествува и министерот за надворешни работи на Грција.
Минхенската безбедносна конференција, низ пет деценискиот период од своето постоење се етаблира како светски водечки форум за меѓународна безбедносна политика, обединувајќи ги политичките елити и претставниците на академската заедница и на еминентни невладини организации на едно место, каде ќе разговараат за најактуелните безбедносни и политички теми.
Ново на Сител
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето