Средба Димитриев - Хајндл: Со силен интензитет се работи на реализација на препораките
Клучно за Владата е остварување напредок на полето на евроинтеграциите, при што со силен интензитет се работи на реализација на препораките, истакна премиерот Емил Димитриев, на денешната средба во Владата со Јоханес Хајндл, германски специјален пратеник.
Како што соопшти Владината прес служба, Димитриев посочи дека се спроведуваат стотици реформски мерки кои ги иницираше Владата и на тој начин се надоместува периодот кога беа распишани изборите и кога таквите активности не одеа со динамиката која беше посакувана.
- Премиерот Димитриев истакна дека сега со прецизен акциски план се задолжени сите државни институции, преку јасно дефинирана рамка за спроведување на препораките и реформите посочени од меѓународната заедница да се стигне до надоградување на стандардите во правосудството, јавната администрација, безбедносниот сектор, медиумите, меѓуетничките односи, се наведува во соопштението.
Димитриев, се додава, посочи дека дел од реформите ќе бидат спроведувани веднаш од институциите, за дел ќе расправа Владата и ќе одлучува Парламентот, а дел ќе бидат формулирани преку поширок политички дијалог. Тој подвлече, како што се наведува, дека еден голем сет реформи се направени и до сега, а со ваквиот активизам тие реформи ќе се надополнат и успешно ќе се завршат процесите кои се од интерес на Република Македонија.
Соговорниците покрај за интеграциските процеси и чекорите кои се преземаат во рамките на акцискиот план за реализација на итните реформски приоритети на државата, на средбата разговараа и за актуелната политичка состојба, начините и можностите за нејзино надминување, при што Димитриев објасни дека во интерес на Владата е обезбедување услови за општествен и економски развој на Република Македонија и сите нејзини граѓани, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Запленетиот кокаин во Скопје припаѓал на нарко групата на Штекли, напиша Јанев | ФОТО
-
До крајот на месецов треба да биде готова новата методологија за потрошувачката кошничка, вели Дурмиши
-
Пожар во една од највисоките згради во Буенос Аирес
-
Дурмиши: Утре или најдоцна задутре треба да се достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите до Владата
-
Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа