Балкан
2. November 2016 - 8:45

Средба Ципрас - Лавров во Атина

Билатералните односи во сферата на политичката соработка, економијата, енергетиката и инвестициите, проблемот со Кипар и случувањата на Блискиот исток ќе бидат денеска во центарот на разговорите на рускиот министер за надворешни работи во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Сергеј Лавров е во грчкиот главен град за учество во четвртиот грчко-руски социјален форум во рамки на официјалната програма Грција-Русија 2016.

Шефот на дипломатијата на Русија денеска ќе има средба со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и ќе има разговори со грчкиот колега Никос Коѕиас. Со него ќе потпише програма за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Грција и Русија за периодот 2017-2019 година.