-->
-->
Сред тренинг гром удри во македонски голман!
-->
Голман од македонско потекло Стефан Петковски роден во Австралија бил удрен со гром за време на тренинг.
Петковски брани во малезиското првенство за тимот на Мелак Јунајтед каде дошол минатата година. Трагичниот настан се случил на еден тренинг при што 18-годишникот ја загубил свеста и морала да интервенира лекарска помош. Според информациите, Петковски е во стабилна состојба, но уште е приклучен на респиратор.
"Неверојатно е ова што се случи. Цел ден врнеше ситен дожд, но не очекувавме да има последици", се вели, меѓу другото, во соопштението од клубот.
Громот го удрил и соиграчот на Петковски, Мухд Афик Азуан, но тој поминал само со полесни повреди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура
-
Потребна е поголема зелена инфраструктура против загадувањето
-
Преглед на вестите од светот