Тенис
22. September 2016 - 17:06

Србљак по два тај - брека во четвртфиналето во Сокобања

Македонскиот тенисер Горазд Србљак успеа да се палсира во четвртфиналето на фјучрсот во Сокобања откако во 2.коло попладнево го победи Лука Павловиќ од Франција со 2-0 во сетови. Двата сета Србљак ги доби во тај брекот со 9:7 и 7:2 на поени. Мечот траеше два часа.

Двајцата тенисери имаа по 4 брејка од 7 можности, а Србљак беше подобар во освоените поени со 83:78.
Утре во четвртфиналето нашиот тенсиер ќе игра против Мајк Урбанија од Словенија, кој денеска го елиминираше седмиот носител Иван Бјелица со 6:4 и 6:4 во сетови.