-->
-->
Србинот им е „ноќна мора“!
-->

Одличните резултати на Новак Ѓоковиќ во 2015 година која ја одигра на извонредно високо ниво се трн во око за тенисерите и медиумите од западните земји и САД.
Дури од авион се забележува дека фановите на Роже Федерер и Енди Мари „страдаат“ што Ѓоковиќ убедливо ги надмина во годината која е веќе зад нас. До ден на ден се почести се прегрупирањата во камповите на Федерер, Надал, Мареј.... со цел да се „запре“ најдобриот светски тенисер во својата доминација....
Последната изјава доаѓа од легендарниот Џон Мекинро кој го советува Мареј како да се подготви за следната сезона и да верува дека може да го победи Ѓоковиќ.
Седумкратниот освојувач на Грен слем трофеи го охрабрува Мареј да го искористи успехот во Дејвис купот и да се фокусира уште на првиот турнир во Австралија. Според него Ѓоковиќ нема да може да игра постојано на високо ниво и тука е шансата на Британецот кој пред се ќе мора да го поправи својот сервис но и да поработи на менталната кондиција.
„Убавината во спортот е што работите некогаш многу брзо се менуваат, затоа следната година би можела да биде негова“- смета Мекинро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Москва нападната од десетици украински беспилотни летала, најмалку двајца загината и шест повредени
-

Претпладне променливо облачно, попладне дожд - од понеделник пад на температурите
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
