Балкан
27. December 2020 - 16:50

Србија во јануари очекува 1 милион дози вакцини

Премиеркaтa на Србија, Ана Брнабиќ, синоќа во интервју за ТВ Курир оцени дека е реално да пристигнат еден милион вакцини против коронавирусот во јануари и изрази верување дека повеќето граѓани на Србија ќе бидат вакцинирани до средината на 2021 година.

Брнабиќ очекува новиот контингент вакцини, фејзер-бионтек, дa пристигне на 4 јануари и најави скоро формирање на кол центар за аплицирање за вакцинација.

- Добивме нов најавен план за испорака од „фајзер-бионтек“ и очекуваме дека во јануари во Србија ќе дојдат значително поголеми количини на таа вакцина. Се надеваме дека следниот контингент ќе пристигне на 4 јануари. Србија сигурно нема да ја прекине оваа кампања за вакцинирање, рече Брнабиќ.

Таа им изрази голема благодарност на партнерите од Фајзер, бидејќи тие покажаа сериозност и затоа што мала земја како Србија е меѓу првите што потпиша договор со нив.

На прашањето дали најавените еден милион вакцини во јануари се реални бројки, премиерката потврди: „апсолутно“.