Србија се затвора до 22-ри март
Србија се затвора до 22-ри март. По рестрикциите викендов, Кризниот штаб одлучи да ги продолжи мерките. Полициски час нема да има и граѓаните ќе може слободно да се движат. Но од утре ќе работат само продавниците за храна, бензинските и аптеките како и банките и прозводствените капацитети. Се затвораат сите кафулиња, ресторани и спортски објекти. Градинките остануваат отворени, а основците ќе се префрлат на онлајн настава.
„Треба дополнително да го забавиме животот во Србија со цел да видиме дека бројките на новозаразените стагнираат. Ова е пред сè поддршка на нашите здравствени работници. Ова е компромисно решение затоа што мерките се општи, но во моментот тие се на сила пет дена, иако медицинскиот дел бараше најмалку 14 дена.
Брнабиќ посочи дека вакцинацијата е единствениот излез од здравствената криза. Апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките бидејќи од тоа зависи дали рестрикциите ќе продолжат и од понеделник.
Српските епидемиолози велат дека моменталната состојба во земјата не е само поради непочитување на мерките. Бројот на новозаразени рапидно расте и поради британската мутација на вирусот која е се почеста кај младата популација.
Здравствените власти порачаа дека комплетното затварање е единствениот начин да се сочуваат животите и здравствениот систем.
Поригорозни мерки најави и Црна Гора. Таму на сила е полициски час од 21 часот до 5 наутро. Епидемиолозите алармираат дека само со целосно затварање ќе има резултати. За слични рестрикции размислуваат ид другите земји од регионот.
-
Александра Костовска
Сите содржини од овој новинар