Србија: Се удави жена при невремето што го погоди Вршац
Осумдесет и седум годишна жена се удави во невремето што ја погоди околината на српскиот град Вршац, јави РТС.
Началникот на Управата за спасувачки единици при пожарникарската служба Драган Дончевски, потврди дека едно женско лице настрадало и дека истрагата ќе ги утврди деталите за несреќата.
- Во моментов нема загорзени лица, водата се повлекува, а ние очекуваме водата и понатаму да продолжи да се повлекува. Мислам дека најлошто заврши. На терен се пожарникарските екипи од Панчево и Вршац, исто така се испратени и специјални екипи за спасување од Белград, а подготвена е и жандармеријата, нагласи Дончевски.
Дождот почна да паѓа вчера попладне и за само десетина минути се создадоа вирови на улиците, а водата потопи дел од домаќинствата во местото Уљма, кое е најмногу погодено од невремето.
Ново на Сител
-
Четири лица загинаа во пожар во Токио
-
Радев: Желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак
-
На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието
-
За продолжениот викенд пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме
-
Потврдено повлекувањето на Ковачевски, директни внатрепартиски избори во јуни
-
Таравари: Се уште немам решено дали ќе бидам министер за здравство
-
Определени мерки за претпазливост за Иџет Мемети
-
Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред