Србија: Опозицијата повторно ја блокира седницата на Собранието
Во српското Собрание денеска продолжи седницата за ребалансот на буџетот, а на дневен ред беше гласањето за нов министер за економија, на место на сменетиот Раде Баста. Со мнозинство гласови е избран Слободан Цветковиќ од Социјалстичката партија на Србија (СПС), јави дописникот на МИА од Белград.
Паралелно и денеска продолжи почнатата блокадата на работата на Парламентот, која вчера ја најави дел од опозицијата, и која ќе трае сè додека не биде усвоено нивното барање за распишување итни парламентарни и белградски избори.
Додека владините претставници се обидуваа денеска да ја одржат седницата и да гласаат, опозицијата со протести, свирежи и извиците се приближи до говорницата со цел да ја прекине седницата.
Претседателот на Народното собрание,Владимир Орлиќ посочи дека претставниците на опозицијата „не смеат да се доближат до другите пратеници“, по што обезбедувањето направи кордон околу нив.
Вчера опозиција по осумнаесетте протести на Србија против насилството и по одржаниот состанок, на прес-конференција во собранието побара од властите одржување на итни парламентарни и белградски избори до крајот на оваа година. Тие најавија блокада на седниците на собранието до добивање одговор од властите и најавија нов протест „Србија против насилството“ в петок, до ТВ Пинк.
На барањата и блокадата на проевропската опозиција се придружи и десницата и партијата Двери.
Претседателот на собранието Владимир Орлиќ на прес-конференција и одговори на проевропскиот дел од опозицијата дека „со ентузијазам ја прифаќа иницијативата за распишување вонредни парламентарни и белградски избори, дека за тоа барање ќе ги извести надлежните органи – Владата на Србија, претседателот и да ќе добијат одговор во најкраток можен рок, можеби за 30 дена“.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
