Србија: Два вагона-цистерни со фосфорна киселина се излизгаа во Зајечар
Два вагона-цистерни со фосфорна киселина денеска се излизгаа во Зајечар, но нема истекување ниту опасност по луѓето и околината, соопштија од компанијата „Србија Карго“.
Лизгањето на осмата и деветтата цистерна се случи во 08:40 часот на четвртата пруга, во станицата Зајечар.
„Немаше истекување, нема испарувања и нема опасност по животите на луѓето или животната средина“, се наведува во соопштението.
Во товарната композиција имало 12 вагони-цистерни, кои се во сопственост на компанијата „Еликсир“ и патувале од Прахов до Шабац.
Заедничка железничка комисија за истрага на вонредни настани на Железничката инфраструктура на Србија и Србија Карго е на терен и ќе ги утврдува причините за несреќата.
Сообраќајот на патнички и товарни возови на станицата Зајечар не е во прекин, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Панова: Измените на законот за работни односи во Собрание
-
Македонското земјоделство под влијание на климатски промени
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-
Економијата во првиот квартал годинава пораснала за 3%
-
Синдикатите поделени околу спуштањето на прагот за репрезентативност од 10 на 5%
-
Безбедносната зона околу Собрание нема да значи забрана за протести