-->
-->
Срби, Грци и Албанци уфрлени на антидржавните протести
-->
На хулиганите поттикнати од СДСМ и СОРОС кои дивеат низ земјава им се придружија Срби, Грци и Албанци.
Идејата да се сквернави грандиозната фонтана „Воин на коњ“ била токму на уфрлените Грци. Тие сакале во фонтаната да биде истурена боја на крв-црвена. Насилните протестанти веднаш истата ја прифатија и почнаа со урнисување на спомениците кои симболизираат македонска историја.
Грците беа и во првите редови на насилните протести во Битола. Најредовен и во првите редови на протестите што ги организираат СДСМ и СОРОС е 54-годишниот Марвакис Атанасиосод Солун.
Според објавите на неговиот профил на Фејсбук, може да се процени дека Марвакис Атанасиос е поддржувач на политиките на поранешниот министер за финансии на Грција Јанис Варуфакис.
Албанските радикали се здружија со СДСМ против Македонија. Албанското движење БЕСА вчера им се приклучи во дивеењето на хулиганите на СДСМ и СОРОС, истото она движење кое неодамна побара редефинирање на Македонија. Дополнително, во петок ќе протестираат и ветераните на УЧК.
Движењето БЕСА кое вчера се приклучи на протестите и кое заедно настапуваше со СДСМ и учествуваше во нивниот митинг пред владата, во јуни месец минатата година испорача барања кои се слични на позициите кои беа застапувани од експонентите на СДСМ кои пак спремаа терен за декемвриската конференција посветена на ревидирање на Рамковниот договор.
-Ќе бараме албанскиот јазик да биде официјален јазик во целата територија на Р. Македонија, бараме нов договор за РЕДЕФИНИРАЊЕ на Македонија како заедничка консензуална држава на Албанците и Македонците, беа дел од барањата на БЕСА.
Она што е познато дека БЕСА рамо до рамо со раководството на СДСМ го организираше митингот пред владата на кој се вееа знамиња на голема албанија и на 113та косовска бригада чии членови учествуваа во кумановската акција во диво насеље.
За присуство на голем број Срби на протестите во Скопје укажува и фактот што има голем број автомобили со белградски регистрации што кружат низ градот во потрага по локации за демонстрации. Поголем од овие активисти учествувале и во протестите во Србија кога по насилен пат беше соборен Слободан Милошевиќ.
Начинот на протестирање е речиси идентичен на оној во Србија, црвени знамиња со стисната тупаница, заштитен знак на движењето „Отпор“, како и постојано повторување на песната „Бела чао“. Дури и дел од графитите со кои се уништуваат обележјата кои се симбол на македонскиот идентитет, беа напишани на српски, а не на македонски јазик.
Присуството на вакви „увезени“ демонстранти воопшто не треба да изненадува ако се знае дека СДСМ користи услуги на српска пи-ар агенција, а предавања во Македонија редовно држи и Канвас, фирма подружница на Сорос, која е специјализирана за насилни протести.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ