Спутник: Во Косово има најмалку пет кампови за обука на Исламска држава

Во Косово има најмалку пет кампа за обука на Исламска држава, која ја изведуваат поранешни борци на Армијата за ослободување на Косово (ОВК), тврди руската агенција Спутник, повикувајќи се на „извор близок до разузнавачките служби“.
Најголемите кампови се наоѓаат во околината на Урошевац и Ѓаковица, како и во округот Дечани, изјави изворот на агенцијата и додава дека вакви кампови има и во околината на Призрен и Пеќ, информираат српските весници.
Според изворот на руската агенција, во редовите на Исламска држава во моментов има 314 косовски Албанци, кои се борат во Сирија и Ирак, а меѓу нив 38 се жени.
Што се однесува до нивното селектирање и обука, на идните терористи на ИД прво им се „пере мозокот“, а потоа учат арапски и го проучуваат куранот и паралелно ја спроведуваат таканаречената практична обука за борба. Таа ја водат поранешни членови на ОВК, кои ги учат на партизанска борба и како да борат со оружје.
Руската агенција предупредува, исто така, за можно ширење на такви кампови и во Македонија и во БиХ, каде за време на војните од 90-те години пристигнале околу 800 џихадисти.
Центарот за истражување на безбедносни прашањата на Западен Балкан (Western Balkans Seсurity Issues) уште во текот на 2013 година во своите извештаи предупредуваше дека на територијата на Косово и Албанија има кампови за обука на терористите од ИД, а косовските власти тоа го признаа една година подоцна, пренесува Танјуг.
Ново на Сител
-

Експлозија одзеде најмалку 10 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана
-

Женско првото бебе годинава во Кавадарци
-

Честитка за Новата година од претседателот на Уставниот суд Костадиновски
-

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер
-

Минусни утрински температури - најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула
-

И во 2026 година, евтина дневна тарифа од 13:00 до 15:00 часот
-

Градоначалник на Њујорк Мамдани денеска ја презема функцијата
-

Бугарија влегува во Еврозоната, левот заминува во историјата
