Спутник V: Аплициравме за вакцината во ЕУ, имаме доказ

Креаторите на руската вакцина Спутник V објавија скриншот од нивната апликација до Европската агенција за лекови (ЕМА) за регистрација на вакцината, пренесува агенцијата ТАСС.
„Како одговор на Европската агенција за лекови, која рече дека не може да најде дека сме аплицирале за регистрација во Европската унија, прикажуваме доказ дека тоа сме го сториле на 29 јануари. Нашата вакцина е веќе регистрирана во 24 земји“, се наведува во твитот на руската страна.
Скриншотот е објавен на официјалниот профил на Спутник V на Твитер.
Европската комисија соопшти дека руската вакцина Спутник V не е дел од стратегијата на ЕУ за вакцинација, ниту пак за нејзино вклучување во стратегијата на ЕУ се дискутира со нејзините производители.
– ЕУ има пазар за вакцини кои подлежат на строги услови, а таму вакцините можат да дојдат, без оглед од каде доаѓаат, сè додека ги исполнуваат критериумите. Од друга страна, постои стратегија за вакцинација врз основа на која се избрани компании и се потпишани договори за вакцини, и ние не разговараме со производителите на Спутник V за пристапување кон нашата стратегија, изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.
Европската комисија додава дека вакцините што се дел од стратегијата на ЕУ подразбираат процес на инвестиции на ЕУ во развој на вакцини и производствени капацитети на територијата на ЕУ.
Во исто време, се нагласува дека земјите-членки имаат можност за билатерално договарање на договори со производителите на вакцини кои не се опфатени со стратегијата на ЕУ и притоа да преземат одговорност за употребата на овие вакцини исклучиво на своја територија.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
