-->
-->
Спроведено гласањето за избор на четири членови на Советот на јавни обвинители
-->

Изборната Комисија при Советот на јавните обвинители на Република Македонија во состав Сашо Василевски, претседател, и Арбер Исаку и Љубомир Јовески, членови, денеска го спроведе гласањето за избор на четири членови на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.
За член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија од општата листа на кандидати од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Битола, Изборно место бр.1, беше избран Петар Аневски, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола и сегашен претседател на Советот.
Од општата листа за кандидати од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар, Избирачко место бр.2, за член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија беше избрана Деса Пауновска, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Гостивар.
Од единствената посебна листа на кандидати на јавните обвинители припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Македонија за целата територија на Република Македонија, беше избран Коле Штерјев, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје.
За општата листа на кандидати од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје изборно место бр.3, резултатите, по 26 гласа добија Фиданка Рајевска, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје и Елизабета Павловска, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, додека кандидатите Миле Мојсовски, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје и сегашен член на Советот доби 16 гласа, Љубинка Угриновска, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје доби девет гласови.
Согласно одредбите од Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, во рок од седум дена ќе има повторно гласање на кандидатите кои добија најмногу гласови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
