Спречена голема трагедија на СП: Пливачка се онесвести и потона на дното од базенот, тренерот ја спаси | ВИДЕО
Американската натпреварувачка во синхронизирано пливање Анита Алварез колабираше за време на нејзиниот настап на Светското првенство во Будимпешта, Унгарија. Немилиот настан се случи во текот на вчерашниот натпреварувачки ден за време на финалето на слободната програма на солистите.
Животот на 25-годишната Американка на која и се слоши и почна да се дави, го спаси нејзината тренерка од репрезентацијата Андреа Фуентес.
Откако Алварез паднала во бессознание и почнала да пропаѓа на дното од базенот, Фуентес скокна во базенот и ја извлече на површина каде доби прва помош.
Подоцна, Алварез била пренесена во медицинскиот центар, каде било констатирано дека нејзината состојба е во ред.
Алварез планира утре (24 јуни) да се натпреварува во екипни натпревари.
Ново на Сител
-
Детали за масакрот во Цетиње: 34-годишен маж си го уби семејството
-
Масакр во Цетиње: Mаж уби повеќе лица
-
Во Центар Жупа за гласање доставени 29 барања од болни и изнемоштени лица
-
Недоразбирање меѓу персонал и гости предизвика масовна тепачка во угостителстки објект во Струмица
-
Одземен пасошот на Жан Митрев
-
Алијанса за Албанците: Изборната кампања прераснува во договорна кампања
-
ЈО: Истрага за измама на пациенти во приватна клиника
-
Груби: Има пратеници кои сакаат да гласаат за уставните промени и за тоа треба да се разговара