Спречен пожар на градската депонија во Делчево
Изгаснат е огнот што доцна синоќа настана како резултат на опожарување на градската депонија „Острец“ во Делчево. Како што инфомираше директорот на јавното претпријатие за комунална дејност Стојче Стојковски, екипи на јавното претпријатие „Брегалница“ кои се надлежни за депонијата, веднаш по известувањето од страна на Територијалната против пожарна единица се упатиле на местото и состојбата е ставена под контрола.
- Во 20 часот бевме известени од командирот на противпожарната единица дека е запалена депонијата. Од наша страна веднаш се преземени активности. Со нашето возило по пристигнувањето е направен земјен појас за да се спречи понатамошното ширење на пожарот, рече директорот Стојковски.
Се уште се утврдува причината за пожарот чиј чад беше забележлив синоќа и во текот на денешниот ден.
- Пред еден месец имавме опожарување на депонијата кое беше предизвикано од човечки фактор. Се пали дел од отпадот кој содржи текстил за да останат железните делови за потоа да ги продаваат. Се уште немаме информации дали и сегашното опожарување е резултат на недозволени активности од страна на несовесни граѓани, додава Стојковски.
Акцијата за санирање на опожарениот дел од депонијата како што информираа од делчевското комунално претпријатие продолжи и во текот на утринските часови, а во текот на денот се очекува да се изгуби и непријатната миризба која настана како резултат на опожарувањето на депонијата
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата