Спречен обид за државен удар во Судан, соопшти Воениот совет

Владеачкиот Воен совет на Судан соопшти дека е спречен обид за државен удар во земјата.
Американските медиуми наведуваат дека инцидентот се случил само неколку дена откако војската и продемократската коалиција се договориле за заеднички совет што ќе ја има власта во земјата до оддржување на новите избори.
Генерал-полковник Гамал Омар, еден од членовите на Воениот совет, изјави дека се уапсени 16 активни и пензионирани воени офицери.
Според него, силите за безбедност во моментов трагаат по лидерот на групата што се обиде да го изведе државниот удар, како и по други инволвирани лица.
Името на лидерот на оваа група засега не се наведува.
Воениот совет и продемократската коалиција минатата недела постигнаа спогодба за заеднички совет што ќе биде на власт околу три години, додека не се организираат следните избори во земјата.
Судан се наоѓа во политички ќорсокак, анализираат западните агенции. Повеќедеценискиот претседател на земјата Омар ал-Башар со пуч беше симнат од власта во април годинава.
Ново на Сител
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
-

Вицепремиерот и министер за европски прашања Сали го посети ООУ Ресурсниот центар „Иднина“ по повод Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром
-

18-годишно момче донесено без знаци на живот во Гостивар
-

Израел и САД значително ќе ги зголемат нападите врз Иран, изјави израелскиот министер за одбрана
-

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот закон за заштита на природата
-

Во Атина уапсен сопственик на галерија под сомнение дека продавал фалсификувани уметнички дела, но и Евангелие од 18 век
