Спортски натпревари по повод Денот на АРМ

Двесте и педесет припадници на АРМ ќе учествуваат во финалните спортски натпревари, што беа отворени денеска, како дел од програмата за одбележување на Денот на АРМ - 18 Август. Во досегашните натпреварувања кои се одржаа во сите гарнизони на АРМ низ државава учествуваа над 1.500 припадници.
- Спортот е значаен фактор во армиската обука и физичката подготвеност, но и во развивањето на натпреварувачкиот дух кој придонесува за подобро извршување на армиските борбени задачи, истакна на отворањето на игрите заменик-началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини.
Спортските натпревари традиционално се одржуваат секоја година во рамки на одбележување Денот на АРМ. На најуспешната единица на свеченото постројување за Денот на Армијата, кое оваа година ќе биде на 17 август, ќе и се додели преоден пехар, а најуспешните екипи и спортисти ќе добијат пригодни награди.
Ново на Сител
-

Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје
-

Гостиварец се обидел да нападне човек со моторна пила, па бил нападнат со дрвен предмет
-

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница
-

Тошковски: Придобивките од „One Stop“ веќе се видливи, на Табановце се чека околу 30 минути
-

Поранешниот потпретседател за респираторни истражувања во Фајзер: Ковид вакцините се токсични
-

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втора половина на 2027
-

УХМР: Дожд во вечерните часови и во текот на утрешниот ден, следува заладување
-

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија
