-->
-->
Спортинг комплетно го откупи договорот на Стефан Ристовски
-->
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски целосно е фудбалер на Спортинг Лисабон.
Португалскиот гигант Спортинг реши целосно да ја исплати клаузулата за комплетирање на трансферот на Ристовски во вредност од 2,25 милиони евра кон неговиот одскорашен клуб хрватска Риека.
26-годишниот Ристивски во летниот преоден рок мина од Риека во Спортинг, но како играч на позајмица во времетраење од една година.
Ристовски кој во своето деби за Спортинг против Олимпијакос во Лигата на шампионите одигра само три минут, во вторникот за прв пат беше меѓу стартните единаесетмина, а со својот настап против Маритимо ги воодушеви навивачите, но и стручниот штаб на Спортинг, па раководството на клубот реши комплетно да го откупи договорот на македонскиот репрезентативец.
Покрај 2,5 милиони евра Риека сега може да заработи дополнителни 250 илјади евра врз база на настапите на Ристовски и успесите на Спортинг, како и процент кој португалскиот клуб се согласил да го плати од следниот трансфер на Македонецот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом