Жиру: Дресот на Мањан ќе го ставам во рамка

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру синоќешниот натпревар со Џенова го заврши како голман и со една своја интервенција имаше придонес во победата со 1:0. Французинот рече дека дресот на голманот Мајк Мањан со кој го заврши натпреварот од 8. коло на Серија А ќе го стави во рамка.
Во 90+9. минута од натпреварот голманот на Милан, Мањан доби црвен картон поради опасен старт, а тренерот Стефано Пиоли веќе имаше направено пет замени, па беше одлучено напаѓачот Жиру да застане на голот на „Росонерите“.
- Ова никогаш не ми се случило, но јас сум многу горд на тимот. Имав одлична одбрана, но имав и многу среќа, благодарам на гредата. Дресот на Мањан? Сега ќе го ставам во рамка, изјави Жиру по натпреварот.
По оваа средба Милан се најде на врвот на табелата во Серија А со 21 бод.
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
