Симеоне за победата над Реал: Знаевме дека противникот има проблеми по крилните позиции

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ги сумираше впечатоците од натпреварот со Реал од 6. коло во Шпанското фудбалско првенство.
Атлетико победи со 3:1 нанесувајќи му го првиот пораз на градскиот ривал во тековната сезона.
– Мило ми е што тимот одигра добар натпревар. При 2:0 пречесто се повлекувавме и му дававме можност на противникот да игра во областите каде што беше најопасен. На Реал Мадрид му недостасуваше Хосел во оваа фаза, но сепак успеаја да намалат. Можевме да загубиме во второто полувреме доколку продолживме да играме на ист начин. Знаевме дека противникот има проблеми по крилните страни. Им укажав на играчите им го кажа истото како и обично, но денеска беа подобри од другите денови. Згора на тоа, публиката беше зад нас и ни дадоа голема поддршка, изјави Симеоне за „Marca“.
Атлетико е на петтото место со 10 бода, Реал е трет со 15.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
