-->
-->
Родриго го менува Салах во Ливерпул
-->
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сака во зимскиот преоден рок да го ангажира фудбалерот на мадридски Реал и бразилски репрезентативец Родриго, јавија денеска британските медиуми.
Според истите извори, Клоп во Родриго гледа идеална замена за Мохамед Салах во случај египетскиот репрезентативец, како што се очекува, да го напушти Ливерпул во јануари.
Ливерпул во летниот преоден рок ја одби понудата на Ал Итихад од 250 милиони евра за Салах, но во јануари би можел да му дозволи да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.
Во тој случај, Ливерпул ќе настојува да го ангажира 22 – годишниот Родриго, кој има договор со Реал до јуни 2025 година, а обесштетувањето ќе изнесува околу 100 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Загадувањето не се решава преку ноќ, дислокација е само еден од сегментите
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Инспекторатот за употребата на македонски јазик се уште нема инспектори
-

Здружението „Бадникови поворки“ ја објави програмата за бадниковата манифестација
-

Мицкоски: Дислокација на „Усје“ не е проблем за Владата
-

ПАП и ехо не смее да се наплатува - Фондот за здравство и УЈП казни половина од контролираните матични гинеколози
-

Филипче тврди во 2026 не’ чека криза, Мицкоски вели граѓаните да се спокојни
-

Ако бадентерот влезе во Уставен, граѓаните да заборават на правна држава, а власта да го затвори судот
