Меси не исклучува настап на СП 2026
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, 36-годишниот Лионел Меси сè уште не ја исклучува можноста да ја брани титулата светски првак со Аргентина на Мундијалот кој во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Меси во интервју за аргентинските медиуми рече дека во преден план кога е во прашање репрезентацијата му е настапот на Копа Америка.
„Сакам на следното издание на Копа Америка да дојдам во добра состојба и форма и во согласност со тоа ќе ги носам натамошните одлуки“, изјави Меси.
Одговарајќи на новинарско прашање дали размислува да настапи на Мундијалот 2026, Меси рече дека сè уште е рано за конечна одлука.
„Не размислувам сè уште за тоа. Годините минуваат и морам од ден за ден да видам како ќе се чувствувам“, рече Меси.
Аргентинскиот фудбалер сезонава настапува за Интер од Мајами и во воведните четири натпревари во МЛС лигата постигна еден гол и додаде две асистенции.
Ново на Сител
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина