-->
-->
Македонските фудбалерки поразени од Бугарија во Лигата на нации
-->

Македонската женска фудбалска репрезентација со пораз го почна настапот во новоформираната Лига на нации, откако попладнево во Скопје загуби од Бугарија со 1-0 (1-0) во рамки на првото коло во групата Ц 5.
Бугарките во раната фаза од натпреварот го отворија резултатот со голот на Јоана Станкова во 4-тата минута што на крајот се покажа доволно за гостинска победа.
Македонските фудбалерки не искористија неколку шанси за гол, а најидеалната ја пропушти Ленче Андреевска која во 41 минута се најде сама пред празниот гол, но биеше непрецизно.
Во второто коло избраничките на селекторот Кирил Изов ќе ја пречекаат косовската репрезентација на 27 октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
