Loading Video...
Фудбал
13. October 2023 - 19:44
Фудбалската репрезентација слави 30 години од првиот официјален натпревар
Денеска е и убав јубилеј за македонскиот фудбал. Пред точно 30 години нашата репрезентација го одигра првиот меѓународен натпревар и тоа во Крањ со домашната Словенија на која забележавме победа од 4-1. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски Чоко а националниот тим го предводеше легендарниот Андон Дончевски.
Оттогаш нашата репрезентација одигра голем број квалификациски циклуси и најголемиот успех го постигна со пласманот на ЕП што се играше во неколку држави.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->