ФИФА и ОН во борба против криминалот во фудбалот

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (УНОДЦ) го ажурираа Меморандумот за исфрлување на криминалот од фудбалот.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и извршната директорка на УНОДЦ, Гада Вали ставија потпис на документот кој се надоврзува на Меморандумот кој двете страни го потпишаа во 2020 година во Виена.
Меморандумот за разбирање ги обврзува двете страни да ги засилат своите напори во заштита на интегритетот на фудбалот со цел фудбалско опкружување да биде заштитена зона за децата, младите и ранливите категории спортисти. Исто така, ФИФА и УНОДЦ се обврзуваат да продолжат да ги развиваат капацитетите и да ја јакнат свеста за борбата против корупцијата и криминалот во и преку фудбалот.
„Фудбалот ги обединува луѓето од сите делови на светот, млади и стари, момчиња и девојчиња. Може да промовира здрав начин на живот, да понуди нови можности и да инспирира милиони луѓе да ги остварат своите на теренот и надвор од него, изјави Вали.
„ФИФА веќе заврши многу добра работа со УНОДЦ со цел фудбалот да го направи почист и ќе продолжиме да работиме на девојчињата и на момчињата да им овозможиме шанса да ги остварат своите цели на теренот“, додаде од своја страна Инфантино.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
