Кошарка
6. October 2023 - 8:32

Џоел Ембид ќе игра за САД на Олимпијадата

Актуелниот МВП на НБА, Џоел Ембид реши да го носи дресот на САД. Ембид ја избра Америка пред Камерун и Франција.

Ова значи дека Ембид ќе игра за САД на следните Олимписки игри во Париз во 2024 година.

Оваа информација ја објави познатиот американски новинар Шамс Чаранија.

Кошаркарскиот сојуз на Франција го контактираше Ембид пред неколку месеци, а потоа му постави рок да се изјасни до 10 октомври. Очигледно неговиот одговор ќе биде негативен.

Следната година во Париз, САД,ќе имаат посилен тим од кога било на најголемото спортско натпреварување на планетата.

Медиумите тврдат дека тимот ќе го предводи Леброн Џејмс, а ѕвездите кои го најавија своето доаѓање се Стеф Кари, Кевин Дурент, Ентони Дејвис, Џејсон Тејтум и Дрејмонд Грин.