Спорна и нецелосна дистрибуција на глукомери и ленти за дијабетичарите
Глукомери и ленти за мерење на шеќер без декларација, оригинален бар код, ознака и земја на потекло. Нов шок за над 40 000 граѓани кои 9 месеци беа оставени без уставното право за здравствена заштита а сега незнаат со што ја контролираат гликемијата, реагираат од Сојузот на здруженија на дијабетичари. Тие се револтирани и разочани бидејќи во повеќе градови воошто и нема од неопходните апарати и бараат итна средба со Националната Комисија при Министерството за здравство.
- Во Тетово ги прашуваме зошто примате без декларација и упатство на албански, ни одговорија што има врска нека зема народ. Мене лично ова ми личи како на случајот со паралелниот увоз..за ова некој сериозно треба да одговара, не е работата дај шта даш, вели Диме Велев претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари.
Од Сојузот велат дека се дискриминирани и прашуваат како може за еден град како Битола каде има 9 000 дијабетичари да има најава за испорака на само 300 глукомери. Веќе доставиле претставка до Комисијата за заштита од дискриминација а очекуваат како ќе постапи и народниот правобранител.
-Во една аптека има само за дијабет 1 во друга нема, во една има глукомери во друга само ленти. Во пола држава нема ништо, има само во систем најава дека треба да пристигнат, вели Велев.
Од Министерството не се произјаснија за што станува збор, какви апарати добиваат дијабетичарите и зошто нема за сите. Кој контролира што користат македонските пациенти? Додека едни молчат други си ја префрлаат топката едни на други а дијабетичарите само сакаат нормален живот а не со месеци да молат за ленти.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар