Македонија
4. October 2016 - 13:18

Според Сеизмолошки земјотресот во Скопје бил многу појак

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, на 04.10.2016 год., регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.

Овој земјотрес се случи во 12 часот и 52 минути, со Рихтерова локална магнитуда 3.1. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала.