Спомениците на македонските херои ги уништуваат, а на тие на УЧК им се поклонуваат

Борците за „Слобода“ како Никола Наумовски, братучедот на Радмила Шекеринска, потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, бараат „багери за рушење на институциите и пред се на спомениците на културата, а симнуваат капа пред спомениците на УЧК и албанскиот екстремизам. Наумовски под оваа фотографија објавена на неговиот фејсбук ја честита борбата во Радуша, каде е поставен споменик на УЧК и на Адем Јашари од Косово, пишува Република.

Тоа пак што Наумовски со најголема страст го работи е уништување на спомениците на македонските херои, објектите од македонската култура и историја, обележјата со кои се идентификува македонскиот народ. Тој отворено повикува багери за рушење на се’ со што Македонскиот народ се гордее. Веројатно нема ништо против на македонските полицајци „да им се случи Куманово“, како што повикуваат на протестите. Наумовски се фоторгафира во Радуша, а не му пречи што на спомениците во паркот спроти Парламентот е испишано „Илирида“.

Никола Наумовски е редовен учесник во хулиганството и насилните протести на СОРОС. Тој „гордо“ ја овековечува секоја акција во која се девастира македонската историја и идентитетска посебност, како сквернавењето на Порта Македонија, Фонтаната на плоштадот Македонија, објектот на Министерството за култура…

Познат е и како „демократ“ кој напаѓа новинари кои не се на платниот список на СОРОС. Новинарот Љупчо Златев за време на една прес конференција, кога беше жртва на напад од Наумовски, мораше да побара помош од организаторот на пресот. Наумовски физички го нападна и Антонио Димитриевски, уредник на интернет портал.

Ваквото однесување на братучедот на Шекеринска отвора ново прашање за идните активности на платениците за уривање на државата. Ако до сега дебело наплаќаа од СОРОС за секоја активност против македонската култура и историја, за што цифрите деновиве излегуваат во медиумите, колку ли наплаќаат од албанските фондови за да се фотографираат пред дивите споменици на УЧК во кои се слави албанскиот сепаратизам и Илирида и тоа да го пренесуваат на социјалните мрежи?
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
