СПМ: Сведоци сме на групно владино и поединечно лажење на функционери од власта на највисоко ниво
Социјалистичката партија на Македонија укажува на очигледниот феномен со Македонија во која се случува групно владино и поединечно лажење на функционери од власта на највисоко ниво.
Владата лаже дека договорот со Бехтел и Енка е транспарентен, а го крие, лаже дека сè е по закон, а менува системски закони за да ја озакони лагата и кражбата.
Злоупотребува европско знаменце на законите па ги лаже и ЕУ дека се усогласува со нив, а сè за да прикрие кражба и криминал.
Владата подеднакво лаже и за Договорот и Протоколот со Бугарија со кои ги лаже и бугарите и македонците дека тоа е чин на пријателство, а се рушат мостови и се гради непријателство и кавги меѓу двата народи.
Владата лаже и за уставните узмени, лаже за процедурата и лаже за легитимитетот за формираната комисија, лаже дека ќе се промени Уставот затоа што лаже и за двотретинското мнозинство.
Владата постојано ги лаже своите пратеници, а упорно се обидува и понатаму да ги лаже граѓаните.
Феноменот со лажењето длабоко е навлезен во власта, како што лажеше Заев проддолжува да лаже и фотоволтаичниот Ковачевски.
Македонија не заслужува да живее во лаги затоа што лажно е тврдењето дека може да се живее со лаги.
Потребно е да и се стави крај на лагата на владата на СДС и ДУИ и на големата измама која му ја подготвува на македонскиот народ.
Со лажните ветувања криминалната власт планира да го спроведе историски најголемиот грабеж со кој економски и финансиски ќе го опустоши стопанството и ќе ја упропасти македонската држава.
Оттаму одлуката е само кај народот, дали тој и понатаму ќе верува во лагите на криминалците и патолошките лажговци од власта и дали и понатаму ќе се согласува со грабежот на власта.
Ново на Сител
-
СДСМ нема да гласа за разрешувањата во судството
-
Нов закон за сезонски работници
-
Со 1,6 милиони евра Штип ќе го реконструира акрополот на Исарот
-
Преглед на вестите од светот
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите