СПМ: Пратениците на СДСМ да го слушнат гласот на народот и да го отфрлат францускиот предлог
„Социјалистичката партија на Македонија остро реагира на насилството на парламентарното мнозинство и нелегитимната Влада во нивната намера во Собранието на Република Македонија само формално да се помине некомплетната Информација за преговарачката рамка.
Со воспоставената тиранија од страна на идеолошки дезориентираниот и апатриден Социјалдемоктатски сојуз во Македонија демократијата е оддамна погребана. Пример за тоа се состојбата и условите во законодавниот дом, неговото потценување и сведување на владин сервис.
Социјалистичката партија на Македонија јасно порачува дека не прифаќа бугарските поданици во македонската власт да си поигруваат со достоинството на народните пратенци и со македонските граѓани.
За Социјалистичката партија на Македонија не се прифатливи никакви собраниски необврзувачки заклучоци. Тогаш зошто воопшто би се водела непродуктивна расправа која, повеќе од очигледно, и како таква и пречи на кукавичката власт.
Социјалистичката партија на Македонија инсистира пленарната и демократска дискусија да резултира исклучиво со директни интервенции во преговарачката рамка со кои би се подобрила позицијата на Република Македонија.
Апелираме до пратениците од СДСМ да го слушнат гласот на народот, да се осмелат, да го отфрлат партискиот диктат и да не го прифатат ткн.француски предлог.
Во спротивно, тие и нивната политичка партија во распаѓање, само за неколку години по втор пат ќе бидат најголемите предавници на македонскиот народ и држава.
Одлуката е нивна, историјата ќе бележи, а народот ќе памти.“ стои во соопштениетото на партијата.
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија