СПМ: Пописот е неуспешен
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека пописот е неуспешен, нецелосен, манипулирачки и тој им нанесува штета на националните интереси на граѓаните во Македонија.
Со партиско-политичкиот инжењеринг се прават обиди да се избрише македонската нација и со тоа да се оспори македонската држава.
Со непопишување на 21,5%, или стотина илјади македонски граѓани, како од државата, така и од дијаспората, со изигрување на религиската припадност и со срамната методологија, прикажаните бројки не може да се наречат државен попис.
Јасна е намерата на попишувачот да се предизвика хаос и да се намали бројноста на македонските граѓани. Доказ за тоа е задоволството од лидерот на албанска политичка партија, а незадоволството на политичките партиии на Македонците, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други.
СПМ истакнува дека не се почитувани европските правила за попис. Затоа и објавениот е повеќе политичка операција со нереални показатели.
Одговорните фактори не ги согледуваат последици од оваа политичка операција која го урива мирот и спокојството во државата.
Затоа треба да се понесе одговорност, особено од страна на директорот на ДЗС заради несупешната акција што ја нарекува попис и од кој во ниту еден случај нема да можат да се креираат реални економски и развојни политики во иднина, наместо спроведување на теснопартиски интереси по етничка основа.
Оттаму, за Социјалистичката партија на Македонија не се прифатливи резултатите од пописот – 2021 година што ги објави Државниот завод за стастистика.
Македонските социјалисти бараат нов пристап и нов попис што ќе го спроведе легитимна власт што ќе дојде како резултат на нови избори кои треба да се одржат што поскоро.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Сторителот на убиството кај Мавровка призна вина, пресудата во четврток
-
СДСМ нема да гласа за разрешувањата во судството
-
Нов закон за сезонски работници
-
Со 1,6 милиони евра Штип ќе го реконструира акрополот на Исарот
-
Преглед на вестите од светот
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација