Македонија
21. May 2023 - 10:11

СПМ: Одлуката на Судот за човекови права е потврда дека 27-ми април претставува политички процес

Социјалистичката партија на Македонија смета дека одлуката на Судот за човекови права е вистинска потврда за монтираниот судски предмет за 27 април дека претставува исклучиво политички процес преку кој се изврши перфиден притисок врз опозициските пратеници во обезбедувањето гласови за Уставните измени.
 
Потсетуваме на неколкуте илјади граѓани жртви на страшниот притисок и невидената обвинителско-судска кампања по налог на деспотите од СДС и ДУИ, а кои се случуваат и денес.
 
Социјалистичката партија на Македонија ја запознава македонската јавност дека во континуитет дел од таа насилничка политичка хајка, тортура и вистински политички прогон е и самата партија и нејзиното раководство што остави трајни последици и непомирливост во односите со недемократската, антимакедонска и идеолошки залутана политичка групација СДС.
 
Случајот 27 април е класичен пример за карактерот на ДУИ/СДСМ кои со најразлични злоупотреби, со притисоци и уцени, со исконструирани случаи, монтирани обвинанија, со лажни сведоци, со инструирани обвинители и судии се пресметуваат со политичките противници.
 
Изречената затворска казна од 211 години затвор за обвинетите за случајот од 27 април и одлуката на Судот за човекови права многу скапо ќе ја чинат Република Македонија, но истовремено тоа треба да претставува почеток на менталниот коректив во правосудниот систем, во будење на етичноста и најмногу во започнување на почитувањето на словото на законот. Затоа цврсто стоиме за нужноста од праведност и вистинска правда за сите осудени за 27 април преку чесен и правичен процес со кој преку утврдување на вистината ќе биде задоволена правдата, но и честа и достоинството на засегнатите.
 
Нагласуваме дека пресудата на Судот во Стразбур претставува победа на правдата и вистината, но воедно претставува голем пораз за македонскиот обвинителско-судски систем и воопшто срам за државата Македонија.
 
Оттаму на македонските граѓани им порачуваме дека спровдеувачите на притисоците, прогонот и погромот, но и егзекуторите од обвинителствата и судовите ќе сносат одговорност според закон.
 
 
Социјалистичка партија на Македонија