СПМ оценува дека Ковачевски по Самитот на ЕУ во Брисел се соочи со последиците од неговата непромислена политика

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека премиерот во заминување Ковачевски по Самитот на ЕУ во Брисел се соочи со последиците од неговата непромислена и неуспешна коруптивна и криминална политика.
Како по обичај Ковачевски се обидува неуспехот и поразот да го префрли на опозицијата, иако сите погрешни политики се негови, на СДС и ДУИ.
Се обидува неприфаќањето на ЕУ за процесот на проширување да го спореди со ветото при приемот на Макеоднија во НАТО во Букурешт. Ковачевски не прави разлика меѓу ЕУ и НАТО и на различните геополитчки игри кои ги водат големите држави и нивните интереси.
Затоа Ковачевски прифаќа се и сешто, и, заедно со Бујар Османи и Маричиќ, уставните имени кои се предложени под бугарска уцена ги нарекува само техничко прашање.
Не е свесен за последиците кои следат и за штетата што овие предавнички ликови сакаат да и ја нанесат на Македонија.
Ковачевски се плаши да разговара за промени во Прговарачката рамка за ЕУ зошто не знае како да го направи тоа и и ги лаже граѓаните дека „од тоа нема да има корист за никого“.
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека неспособноста блика од овој човек кој, после изборите, мора да си оди од политиката зошто не ја разбира, а нанесува непроценлива штета.
На власт мора да дојдат искрени и чесни полтичари кои знаат како да ја внесат државата во ЕУ и да ја развиваат во интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување насилен екстремизам
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
-

Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
