СПМ: Ниските пензии се обележје на суровото и безмилосно владеење на СДС и ДУИ на грбот на народот

Социјалистичката партија на Македонија констатира дека министерката Јованка Тренчевска безобразно ги лаже пензионерите со скоро подобрување на нивната финансиска состојба.
Иако пензионерите повеќе месеци бараат итни решанија за зголемуавње на пензиите ставени се во неодредена ситуација министерката да одбива да ги разгледа и да прифати било какво нивно барање, а Владата да формира работна група која, со најава за скоро решение, со месеци нема ништо понудено, ниту воопшто ќе понуди.
Владата на СДС и ДУИ ги потценува и омаловажува пензионерите убедувајќи ги во пораст на нивниот стандардот без да го спореди со високата инфлација која ги осиромаши граѓаните и ги доведе најсиромашните пензионери до работ на преживување.
Ваквото срамно однесување на власта на Ковачевски, заедно со Битиќи и Тренчевска, е запамтено од пензионерите кои на претстојните избори сурово ќе ги казнат однародените СДС и ДУИ.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека власта во заминување освен корупција и тендери нема интерес за ништо друго, затоа пензионерите неможе да очекуваат подобар живот и стандард.
Ниските пензии се обележје на суровото и безмилосно владеење на СДС и ДУИ на грбот на народот.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека власта во македонската социјална држава има обврска да ги решава легитимните барања на пензионерите за нивните реални и неопходни потреби.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-

Мицкоски - Брунер: Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности
-

Ѓорѓиевски: Скопје не смее да чека, мора да се развива - посветено и со визија, во завршна фаза е изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром
-

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси
-

Приведен 18-годишник од тетовско осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции
-

Сиљановска Давкова: Не би имала ништо против уставни измени доколку се работи за копенхашки критериуми
-

„Нетфликс“ се откажува од натпреварот со „Парамаунт“ за преземање на „Ворнер брос“
-

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност
-

АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
